Ќе остане само меѓу вас двајца, затоа што џентлмен и дама никогаш нема да ги споделат најинтимните моменти …



Автор: Драган Таневски

„Оууу брат, што сум и праел на оваа…“

Кога ќе ми кажеш вакво нешто, очекувам тоа да биде отприлика вака:
– Си и пратил на факултет цвеќе со порака „цвеќињава нешто многу почнаа да се вообразуваат, па ги праќам кај тебе да видат што е убавина“
– После факултет си ја чекал со оние тандем точаците, со корпа полна со сендвичи и некое вино, па си ја однел негде на пикник. Па ве стемнило, па ве разденило.
– Си ја гушкал дур си ја отварала душата и ти ги кажала сите маки и болки. Си ја гушкал силно за да ја исцедиш и последната горка солза од неа, па да останат само оние среќните.
– Сте разговарале толку долго за да надокнадите за сето она време кога не сте се знаеле. И малку ви било тоа, па после другиот ден сте си праќале уште по милион порачиња.
– Ти се напикала под кожа толку јако, па ниедна друга на планетава веќе не забележуваш. Некои фрцкави цуци ти фрлаат погледи кои се одбиваат од тебе како од панцир.
– Што и да ви се случувало во кревет, ќе остане само меѓу вас двајца, затоа што џентлмен и дама никогаш нема да ги споделат најинтимните моменти со друг…

Не, стварно, кажи ми, што си и правел брат?