Катастрофа: Падна воинот од коњ



Дел од споменикот Воин на коњ на плоштадот Македонија е срушен поради силниот ветер. Македонската гордост наместо на својот коњ, лежи паднат во фонтаната под споменикот, горниот дел од телото на Александар е падна во фонтаната.


Целата ситуација се случувала утринава а причината бил силниот ветер. Повредени нема но целиот плоштад е преплавен со метални пари кои од силниот удар на металното тело беа исфрлени од фонтаната.

“Ја сликав девојка ми со споменикот во позадина. Стоевме блиску до летниковецот и брзав да ја сликам што побргу за да заминеме од невремето што надоаѓа. Не можев да поверувам од она што го видов, прво во екранот на апаратот, а потоа и со сопствени очи. Се слушна силен трескот и врискотници” вели случаен минувач кој го видел целиот настан.


Полициски, противпожарни и медицински екипи во моментов се на пат кон централниот скопски плоштад. Директорот на леарницата Фернандо Маринели од Фиренца каде што беше направен споменикот, е на пат кон Македонија. Најверојатно Маринели ќе ја понесе одговорноста за катастрофалниот настан.

АПРИЛИЛИ :))) !!!


Фото и извор: Кирилица.мк