Кампањата „ Следно поглавје“ на АУЕ-ФОН е вистински избор за секој иден студент




Американскиот универзитет на Европа–ФОН применува најсовремени образовни програми кои нудат флексибилни и просперитетни студии, ставајќи го студентот секогаш во фокус на интересот. Со новата кампања „Студирај на АУЕ-ФОН, плати како на државен“, кампања креирана согласно интересот и потребите на младите луѓе,  АУЕ – ФОН продолжува со примена на холистичкиот систем за рано пријавување на сите заинтересирани кандидати.


Холистичкиот систем претставува пристап во кој заедно со постигнатиот успех од средното училиште, дополнително се вреднуваат индивидуалните квалитети на секоја личност, нивните амбиции, интегритетот во однесувањето, познавање на странски јазици, компјутерски вештини, или пак други лични остварувања во различни спортски дисциплини, натпревари или останати воншколски активности.

Повеќе од јасно е дека, доброто образование првенствено има клучна улога во развојот на вештините на една личност, кој подоцна се пренесуваат во бизнисот, но и за развојот на општеството во целина. Од овие причини, Американскиот универзитет на Европа–ФОН го применува мултидисциплинарниот пристап кој има стратешка улога во пресретнување на потребите на претприемништвото и за приспособување на студентите со промените, со кои светот се соочува денес.


Оттука, студентите кои ќе се одлучат да студираат на Факултетот за правни и политички науки, Факултетот за економски науки, Факултетот за детективи и безбедност, Факултетот за дизајн и мултимедија или на Факултетот за информатика, освен теоријата која ја добиваат од престижниот наставен кадар со богата истражувачка дејност, имаат можност за пракса и работа, која е дел од програмата „Work  and study“ која што Американскиот универзитет на Европа-ФОН ја применува во текот на едукативниот процес на студентите, со што ја покажува грижата за нивен комплетен професионален развој.

Но, дополнително АУЕ–ФОН овозможува неформално образование кое вклучува и кратки курсеви од различни области, со што кандидатите се надоградуваат со знаење и вештини за унапредување на нивниот професионален и кариерен развој.

Затоа, NEXT CHAPTER е одлична можност за секој амбициозен и млад човек со јасна визија за својата иднина.

 Не пропуштајте ја можноста и само до крајот на април пријавете се за студирање на АУЕ–ФОН  и плаќајте како на државен универзитет. Направете сигурен чекор и отворете ново поглавје од вашиот живот!