
Во текот на оваа недела топлотен бран ќе ја зафати Македонија. Најтопло ќе биде во среда и во четврток кога температурите ќе се движат од 33 до 40 степени (услови за 39/40 степени ќе има во централните и југоисточните предели)
Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и многу топло.
Температурата ќе се движи од 30 до 37 степени.
Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време со температура до 35 степени.