Какво време не очекува во месец март



Очекуваните врнежи во март ќе бидат околу и под нормалата. Времето, како и секој март во текот на годините, се карактеризира со исклучителна динамика на процесите кои ќе ја опфатат целата земја. Најниските минимални температури ќе бидат околу минус 1 и плус 2, највисоките – меѓу 18 и 23 степени.


Во првото десетдневие ќе има засилување на ветерот, влажноста ќе биде висока, со врнежи од дожд.

Снег ќе има на планините, а во средината на првото десетдневие ќе има и краткотрајно заладување


Во вторите десет дена на март може да очекуваме температурите да бидат пониски од вообичаените. Тогаш ќе има променливо време од дожд и снег. Се очекува и привремено затоплување, кое ќе биде во вториот дел од десетдневието.

Во третиот дел од месецот ќе има благо намалување на температурите, а по овој период ќе има услови за суво и тивко
време. Тогаш ќе има повеќе сончеви денови и помалку врнежи.