Какво време не очекува оваа работна недела



Во следните денови територијата на Македонија ќе биде под влијание на топла и стабилна воздушна маса која доаѓа од Југ. Времето ќе биде сончево и топло, максималните температури на повеќе места ќе се искачат над 30 степени.

Времето до петок 18 септември, на подрачјето на Македонија ќе биде под влијание јужно воздушно струење и доста топла и сува воздушна маса од Медитеранот која ќе предизвика и доста топло време за овој дел од годината, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.


Постепено опаѓање на температурата на воздухот се очекува од сабота (19 септември), кога во текот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен.