Какво време не очекува оваа недела



Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, зголемена облачност се очекува во југозападните предели.


Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Без врнежи и во попладневните часови се очекува да биде во централните, северните и североисточните предели.

Слаб ветер од променлив правец.


Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 31°C. УВ индекс 8, велат од weather4all.com.mk.

СКОПЈЕ – Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб ветер од променлив правец. Минималната температура од 12°C, а максималната дневна до 28°C.


МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник и среда во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Но во вторник во крајните западни предели ќе постојат услови за слаби врнежи од дожд. Минималните температури од 7°C до 17°C, а максималните дневни до 21°C односно до 33°C.

Во четврток и петок ќе преовладува умерено облачно време со врнежи од дожд и грмотевици и со пад на максималните температури. Минималните температури од 10°C до 20°C, а максиамлните дневни до 16°C односно до 30°C.