Какво време не очекува оваа недела



Според УХМР, од утре ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на утринска магла.


Од утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на топла воздушна маса од југозапад која ќе услови висока дневната температура за овој период од годината, особено во среда и четврток.

Температурите на многу места ќе се искачат над 10 степени , во југоисточните предели можни се температури над 15 степени.