Какво време не очекува наредните денови



Денес Македонија ќе влезе во жолта фаза, која значи многу повисоки температури, и тоа од 37 степени.

Поради овие повисоки температури, граѓаните треба да бидат внимателни за своето здравје и да се адаптираат на нив.

Според УХМР треба да се почитуваат препораките за заштита од повисоки температури, да се одбегнува директно изложување на сонце во период од 11 до 17 часот.

Граѓаните треба да конзумираат лесна храна и да пијат повеќе течности.

Според информациите во вторник и среда ќе следи слично време, додека пак во четврток драстичен пад на температурите и нестабилно време.