Какво време не очекува до крајот на оваа недела



Во втoрник и среда облачно со врнежи од дожд и снег, во јужните и југоисточните предели само од дожд, додека пак над 400 метри надморска висина врнежите ќе бидат од снег.


Дневните температури од -2 до 7 односно од -3 до 6 степени. Во четврток облачно со врнежи од снег, врнежите од дожд и снег ќе бидат во јужните и југоисточните предели.

Температурите ќе бидат во опаѓање па дневните ќе се движат од -4 до 5 степени.


Во петок во утринските часови постудено време и појава на слаба магла, а во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и студено време. Утринските температури од -10 до -2 степени, додека пак максималните дневни од -5 до 4 степени.

Прогнозата ја подготви Weather4all.com.mk