Какво време не очекува денес и утре



Денес (30.03.2017) времето во државава ќе биде сончево, релативно топло и ветровито со умерена локална облачност. Во доцните попладневни и вечерни часови во северните и во источните предели ќе има услови за слаб локален дожд.


Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец додека максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 17 до 23 степени.

Во петок (31.03.2017) ќе има незначителна промена на временската состојба кај нас, ќе има нешто повеќе облачност односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со слаб локален дожд. Меѓутоа од вечерните часови облачноста ќе се намалува и врнежи нема да има. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 13 до 20 степени што значи останува топло времето.

Временската прогноза ја подготви meteomax.mk