Какво време не очекува денес и до крајот на оваа недела



Во Македонија во денес не очекува тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Дополнителен пораст на температурите се очекува и поради јужното воздушно струење, па ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и слаб југозападен ветер.

Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29°C односно до 40°C.

УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ – Во Скопје во среда тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19°C а максималната дневна ќе достигне до 37°C. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток претпладне ќе биде сончево, попладне зголемување на облачност и во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во овие региони постојат услови и за појава на невреме. Максималните температури ќе се движат од 28°C до 39°C.

Во петок и сабота претежно сончево со пад на дневната температура. Минималните од 10°C до 22°C, а максималните температури ќе достигнат до 24°C односно до 35°C.

Сончево и потопло ќе биде во недела со пораст на дневните температури. Минималните од 9°C до 19°C а максималните од 27°C до 38°C.

Извор: weather4all.com.mk