Какво време не очекува денес



Денес (15.03.2017) територијата на Македонија ќе биде во поле на висок воздушен притисок, времето во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди додека локално ќе има и позначителна облачност а во северозападните планински предели не се исклучува можноста за сосема слабо провејување на снег. Во попладневните часови ќе биде сончево со умерена локална облачност но и релативно топло.


Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието повремено ќе се засилува по интензитет. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 9 до 16 степени.

Временската прогноза ја подготви meteomax.mk