Какво време ја очекува Македонија оваа недела



Во понеделник не очекува свежо утро со пониски температури кои ќе се движат од 4°C до 14°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните и источните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч, соопштува weather4all.com.mk.


Дневните температури иако ќе бележат благ пораст сепак ќе бидат пониски од просечните за овој период од годината и ќе се искачат до 18°C односно до 28°C. УВ индексот вредност 7.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 11°C, а максималната дневна до 25°C. УВ индекс 7.


Постудено утро не очекува и во втроник. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 22°C односно до 32°C.

Во среда ќе имаме пораст на утринските температури кои што ќе бидат во интервал од 8°C до 17°C. Во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, а во попладневните часови зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен западен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 32 степени.


Да го погледнеме одот на температурите и количеството на врнежи во наредните 15 дена

Во периодот од 21 до 29 јуни не очекуват температури кои ќе бидат пониски за 1 до 3 степени во однос на просечните за овој период од годината.

Пораст на температурите и потопло време не очекува во периодот од 29 јуни до 7 јули.

Што се однесува до количеството на врнежите, во периодот од 21 до 29 јуни се очекуваат просечни количества на врнежи, со исклучок на западните и северозападните предели, каде врнежите ќе бидат натпросечни.

Опаѓање на количеството на врнежи се очекува во периодот од 29 јуни до 7 јули, кога ќе имаме многу мало количество на врнежи, а некаде и воопшто ќе ги нема.