Какво време ја очекува Македонија денес



Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи, особено во планинските подрачја.

Ќе дува слаб, но умерен северен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 18 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе следи слично време со температура до 29 степени.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 6.