Какво време да очекуваме до крајот на оваа недела



Полека но сигурно на ова невообичаено студено време за овој период од годината му доаѓа крајот.


Веќе од четврток (29.09.2016) територијата на Македонија постепено ќе подпаѓа под влијание на топла воздушна маса која од Атлантикот полека ќе се шири над јужна и југоисточна Европа.

Исто така ќе бидеме под влијание и на визок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса.


Сето тоа ќе предизвика на крајот од овој и во почетокот на следниот месец да имаме сончево и топло време со каснолетни температури на воздухот кои ќе се движат во интервал од 23 до 31 степен.

Во пораст ќе бидат и утринските температури.


Според моменталните анализи локална нестабилност е можна само во недела.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!