Какво време да очекуваме денес и наредните денови



Поинтензивните врнежи од дожд се веќе зад нас. Во следните неколку денови ќе имаме претежно стабилно, суво и релативно топло време.


Сепак во текот на денешниот ден не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

Доста стабилно и суво време треба да имаме во четврток и во петок. Нов влажен но брз воздушен бран од запад над Македонија треба да помине во Сабота кога се очекуваат локални врнежи од дожд и можност за ретки грмежи.


Во сабота очекуваме да дува и умерен , на некои места повремено засилен ветер од југозападен правец.

Недела ни ности нешто постабилно време. Ново дестабилизирање на времето очекуваме од самиот почеток на следната недела кога се очекува и пад на температурите.


Дотогаш ќе имаме пријатно топло време со температури кои ќе се движат во интервал од 22 до 31 степен.

Деталната временска прогноза ја подготви Славчо Попоски!