Какво ќе биде времето до крајот на оваа недела



Времето во понеделник (26.05.2015) – Свежо утро. Претежно сончево, попладне зголемување на облачноста.


МАКЕДОНИЈА: Во вторник не очекува свежо утро со пониски утрински температури кои ќе се движат во интервал од 4°C до 14°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, соопшти weather4all.com.mk.

Попладне во југозападните делови се очекува зголемување на облачноста, а сосема мали услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во северозападните предели.


Ќе дува претежно слаб јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 28°C. УВ индекс 8.

СКОПЈЕ:Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне зголемување на облачноста со услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 11°C, а максималната дневна до 25°C. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА: Во среда се очекува повторно нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици и пад на дневните температури. Утринските од 6°C до 16°C а максималните дневни до 14°C односно до 24°C.

Дополнителен пад на дневната температура ќе има во четврток кога се очекува да преовладува претежно облачно време со повремени сончеви периоди. Максималните температури ќе се движат од 12°C до 22°C.

Во петок претежно сончево со локална облачност и потопло, со пораст на дневните температури, иако утринските сеуште ќе бидат ниски за овој период од годината. Минималните температури од 2°C до 12°C, а максималните ќе достигнат до 15°C односно до 29°C.