
Овен
Него му е важно да не мора да прави големи компромиси, односно бара жена која ќе биде прилагодлива на него и на која секогаш тој ќе и биде на прво место.
Мажот Овен својата машкост ја гледа во потребата секогаш да биде најубав, најзгоден и најпаметен, затоа попрво би одбрал жена со помало искуство, за тој да може да е прв во дел од работите. Потребна му е жена која е полна со разбирање на неговиот темперамент и покрај која тој ќе може да биде глава на куќата. Овенот сака слаби девојки, црвенокоси или русокоси.