Какви слики доминираат на нашите интернет профили?



Современото време ни стана зависнос, односно ние станавме зависно од порокот наречен исповед на интернет. Какви слики ставаме? Еве го одговорот:

Facebook– слики од нас, во друштво со нашите пријатели, чекинзи од сите посетени места- хм да се знае дека и јас шетам, слики со нашите миленици.

Twiter– Е овде се исповедаме, ја отвораме нашата душа до крајност, не размислувајќи дали таа крајност доведува до наша самоактуелизација или ги полниме другите мозоци со информации за нас.

Instagram– Е овде доминираат фотографиите сликани со мали дечиња. Внуче, комшиче, братучетче, дете на другарка, сеедно. Слики од јадења, десерт кафе декорирани јадења. Пред да оди во нашата уста и да уживаме во нивниот вкус, оди на инстаграм, па нека плакнат очи другите. И сето тоа збогатено со изборот на ефектите кои ни ги нуди самиот Instagram.

Snapchat– Апликација која полека добива во својата актуелност. Се сликаш, праќаш на пријатели и оп за миг те снема од нивниот екран. За некој чудесно, за некој губење време.

И кога те следам на сите социјални мрежи, зошто да излеземе на кафе. Ќе немаме теми за муабет, тоа е лошото. И што ќе си ми да те гледам, знам се за тебе, можам да водам дневник за тебе.

И не заборавај пријателе мој, пред да порачаш пијачка во кафиќ, порачај WI-FI лозинка, логирај се и во мигот кога ќе ти ја донесат, фотографирај ја и ставија на интернет со наслов #enjoy.

Автор: Даниела Ангелова