
Луѓето родени во знакот на Водолија се независни и од сите знаци се најдружељубиви и најхумани. Тие се интелектуално илјадници километри пред другите. Еднаш формираното мислење го менуваат многу тешко, а го бранат упорно и долго. Тие се големи интелектуалци, но сакаат да им помогнат на другите луѓе.
Водолиите се личности кои се претставуваат на 2 начини : прво – како срамежливи и мирни, а од друга страна како ексцентрични и енергични. И во едната и другата ситуација, тие се длабоки мислители кои сакаат да им помагаат на другите луѓе. Тие се многу интелектуален знак со огромна независноста од која произлегува интуциија која е водена од логика, што не постои кај другите знаци. Водоолите се многу способни да ги гледаат двете страни на секоја ситуација што ги прави личности кои одлично ги решаваат проблемите. Иако се многу прилагодливи кон енергијата која ги окружува, тие имаат длабока потреба одредено време да бидат сами и далеку од сите за да ја обноват својата енергија. Клучниот збор за родените во овој знак е фантазијата. Тие можат да видат многу можности онаму кадешто другите не забележуваат ништо.
Водолијата е воздушен знак и како таква го користи својот ум во секоја ситуација. Доколку не постои ментална стимулација, ним им е досадно и им недостасува мотивација за да постигнат најдобри резултати. Уран – владеачката планета на овој знак на родените во овој знак им дава визионерски квалитети, па така тие се во можност да проникнат во иднината и точно да предвидат како ќе биде по пет или десет години. Уран им подарува и моќ за брза и лесна трансформација, па тие се познати како мислители, прогресивци и хуманисти. Добро се чувствуваат во група или заедница и ги обожаваат луѓето.
Страни: 1 2