Каква радост за родителите: Девојче се разбуди по 16 години во кома



На 11 мај 6-годишната Александра Јанчарска, ќерка на позната полска актерка, голтнала пилула со вода и паднала во несвест.


Поради хипоксија девојката паѓа во кома во која се наоѓа до август оваа година.

Денес, веќе 22-годишното девојче, веќе може да гледа она што се случува околу неа, соопшти medportal.ru.


Тоа станува возможно благодарение на заедничката работа на полските и јапонските медицинари. Тие развиваат систем, со помош на кој се имплантираат електроди во дел на кичмата. Овие електроди добиваат сигнали од основниот дел на апаратот, кој се наоѓа на телото на пациентот и поднесува струја која ја стимулира работата на мозокот, подобрувајќи ја циркулацијата.

Стимулаторот бил ставен на уште 6-ца пациенти во 2016 година, а еден од нив веќе се разбудил во месец мај.


Доктор Моника Барчевска од клиниката за неврохирургија на универзитетската болница во Олтштине изјави дека може да се зборува за целосен излез на девојката од кома.

Пациентката ќе има потреба од рехабилитација – повторно ќе се учи да оди и зборува, но самиот факт на случката дава надеж за многу пациенти.

Стимулатор ќе биде ставен на уште 8 пациенти до крајот на годината.