Каква е хранливата тајна на Џенифер Анистон



Џенифер Анистон има 45 години и никој не може да негира дека ѕвездата изгледа навистина одлично. Неодамна актерката дури призна дека не направила никакви подобрувања на лицето и дека нејзиниот вереник Џастин Теру би ја “убил”, ако таа одлучи да посегне кон слични процедури за разубавување.


Џенифер сепак има своја тајна за тонирање на целото тело. Анистон е позната по својата љубов кон здравиот начин на живот. Холивудската ѕвезда се храни само со корисна храна и е посветена на фитнесот и јогата.

“Џен дефинитивно е човекот кој ме поттикна да бидам хидрирана” вели Манди Ингер нејзината инструкторка по јога пред ABC News. Излегува дека актерката често пие доволно количество вода секој ден.


Всушност водата може да ви помогне на вашето здравје со повеќе од еден начин. Тоа дава многу енергија на телото и штити од вишокот масти. Многу пати човекот се храни, мислејќи дека е гладен, а се покажа дека всушност имал само желба. Покрај тоа, кога пиете повеќе вода, вие се чувствувате сити и ја избегнувате стапицата од прејадување.

Ако обичната вода ви е досадна, може да се обидете да додавате различни вкусови кон неа како на пример, лимон. Тука може да прочитате зошто треба да пиете топла вода со лимон.