Loading...

Каков секс мажите сакаат после 30 години


Како што навлегува во зрелите години, неговите желби се менуваат на неколку многу специфични и по малку настрани начини.

Мажите се прилично среќни се додека имаат секс – доволно е да бидете голи и расположени. Но, некои анкети покажуваат дека сексот што го посакуваат се менува како што завршуваат нивните дваесетти,. а се приближуваат триесеттите години.

Младите мажи најчесто се возбудени само затоа што имаат секс.

Но, кога ќе навлезат во триесеттите, за нив повеќе нема големи изненадувања, па затоа бараат подлабока поврзаност со партнерот и разни начини за борба против сексуалната досада.

Супер вести за вас, фраерите со годините стануваат по великодушни и расположени за експериментирање.

Повеќе се возбудуваат кога даваат

Повеќето 20-годишни момци рекле дека нема подобар начин за постигнување сексуално возбудување од оралниот секс. А мажите во распон 30 – 40 години оцениле дека оралниот секс што тие го даваат, е најдобар пат за постигнување ерекција.

Изгледа, зрелите мажи разбираат дека задоволството е поинтензивно кога двајцата го доживувате и сфаќаат дека жената не може да доживее оргазам само со помош на пенетрација.

Страни: 1 2