Девица
Педантен, убаво облечен, испеглан и секогаш среден – вака ќе го познаете мажот во знакот на Девица. На се и сешто може да пронајде маана, но и на себе. Цинизмот го чува во малечки шишенца и не можете да го убедите дека сте во право. Можеби планира цел живот да го помине со вас, но сепак ништо нема да преземе. Овој маж никогаш нема да поднесе односи и емоции кои се помалку од совршени. Затоа, ако и вие не сте перфекционист – бегајте.

Категорија: