Loading...

Каков е вашиот карактер според часот кога сте родени


Ведри сте, живи, орни, полни со енергија. За вас се добри практичните работи. Добар говорник сте, математичар и физичар. Но, и добар писател само ако ја насочите својата енергија во тој правец. Вие сте личност која е сестрано надарена, во многу професии и занаети може успешно да ја изразите својата креативност.

За родените помеѓу 16 и 20 часот

Вие сте со немирен дух, скитник, малку нервозни и ветрушка. Движењата ви се динамични, зборовите општи и силни, бргу мислите и работите. Сакате што е можно повеќе од животот, го сакате животот во сите свои облици и видови. Често ги менувате одлуките и ставовите, во исто време работите по неколку работи.

Кој не ве познава добро, би помислил дека сте брзоплети, но вие сте свесни за сè што работите.

За родените помеѓу 20 и 24 часот

Умерени сте, упорни и истрајни на сите полиња. Тежнеете кон тоа да доминирате над работите и ситуациите. Имате склоност кон филозофијата и книжевноста, рационални сте и продуховени.

Магнетски делувате на опкружувањето, авторитет сте во семејството и друштвото, помеѓу пријателите и роднините. Малку делувате самоуверено, затоа што премногу вервате во себе, затоа што сте полни со самодоверба, со животна и креативна енергија.

Страни: 1 2 3