Античката уметност за читање на лицето, тврди дека според обликот на носот може да се “раскаже” многу за еден човек – за неговата природа и неговиот карактер. Според оваа наука, носот е главниот центар на лицето. Колку тој е поубав и подобро оформен, толку човекот е совршен и посилно му се развиени интелектуалните способности.
Горниот дел на носот ја изразува духовната, физичката, моралната и психичката суштина на човекот.
Средишниот дел на носот е поврзан со умствениот свет и логиката.
Долниот дел на носот е поврзан со животните начела и физички квалитети на личноста.Растојанијата исто така имаат значење: Растојанието од веѓите до крајот на носот (ноздрите) ја одредува мислата. Растојанието од местото под носот (ноздрите) до средната линија на устата ги одредува чувствата. Растојанието од устата до крајот на брадата ја одредува силата на волјата на една личност.
Продолжува на следната страна