Loading...

Каков е карактерот на детето според часот на раѓање


Според кинескиот хороскоп часот на раѓање е исто толку пресуден за темпераментот и карактерот на детето, како и датумот, месецот и годината во која тоа се родило. Кинезите сметале дека може лесно да се разбере каков ќе биде темпераментот на едно дете според тоа во колку часот се појавило на виделина.

Од 24.00 до 02.00 часот

Децата родени во овој временски опсег, се исклучително испитувачки и иноватори по природа. Ги сакаат предизвиците, промената на ситуацијата и активните игри. Имаат силна врска со природата и сакаат да бидат на отворено, наместо во затворен простор. Родените во овој интервал се со добро развиена моторна култура, проодуваат релативно рано и имаат голем потенцијал во спортските настапи.

Од 02.00 до 04.00 часот

Родените меѓу 2 и 4 ч. по полноќ се луѓе со многу идеи и креативно размислување. Како деца преферираат игри кои бараат креативно размислување – цртање, игри со пластелин, боење и др. Девојчињата родени во овој временски опсег, се многу внимателни кон деталите и од мали манифестираат загриженост кон својот изглед. Ако вашето дете е родено во овие часови, ништо чудно да се насочи кон активности поврзани со уметноста и да не пројавува особен интерес кон математиката или хемијата.

Од 04.00 до 06.00 часот

Вообичаено за децата родени во овој временски опсег, е дека се многу концентрирани и упорни во своите активности. Тешко се откажуваат, понекогаш дури се инаетливи. За ова сепак не треба да се грижите, бидејќи во зрелата возраст може да се претвори во предност. Родените деца меѓу 4 и 6 часот често се насочуваат кон професии кои бараат силна волја и концентрација, каде, освен интелект, се бара и огромна доза мотивација.

Страни: 1 2 3 4