Како жените стануваат попривлечни без дури да сакаат



Врз мотивот индивидуалниот мирис и неговата суштина Патрик Зискинд ја напишал книгата “Парфем – историјата на еден убиец”, а потоа е направена и единствена екранизација, која го носи истото име.


Вистината е дека секој човек навистина има своја уникатна телесна миризба, која сепак може да се менува со времето.

Тоа со голема сила важи за жените, бидејќи кај нив периодично хормоните имаат измени, поради месечниот циклус.


Според извештај на чешки научници, објавени во списанието “Ethology”, мирисот на женското тело може да го привлече мажот, ако месечниот нејзин циклус влегол во “плодовитата” фаза (кога всушност доаѓа менструацијата, а од жената почнува да се емитува остар специфичен мирис).

Предмет на набљудување на научниците биле доброволки кои 24 часа на ден за време на менструалниот циклус под пазувите носеле меки подлоги кои емитуваат мирис. На овие жени им било забрането да употребуваат одредени видови храна, да користат дезодоранси и хормонални контрацептивни средства.


Логично “судии” во дадениот случај биле мажи. 42 претставници на посилниот пол требало да ги “шмркаат” жените од експериментот и да ја оценат атрактивноста на мирисот.

“Мирисот под пазувите на жените кои се наоѓаат во фоликуларната фаза на циклусот, е пронајден за најпривлечен од мажите” – вели д-р Јан Гавличек од Карловиот универзитет во Прага.

“Резултатот наведува на мислата дека мирисот од телото на жената, може да се користи како сигнал за мажите дека кај неа настапува најповолен период за оплодување”.