Како стресот влијае на успешните жени?



Вашето тело создава многу мали количества кортизол. Ова влијае на вашето спиење и на нивото на вашата енергија. Ниско ниво на кортизол резултира со преактивен одговор на имунитетот кој напаѓа одредени делови од телото и предизвикува болка и воспаление.


  • Како резултат на хроничната болка и воспалението, можеби нема да се чувствувате способни за вежбање, но сепак тоа може многу да ви помогне. Започнете со поедноставни вежби кои полека ќе ги прилагодувате според вашата кондиција.
  • Секојдневно правете вежби за истегнување за да ги одржувате мускулите пофлексибилни.
  • Одете на масажа барем еднаш неделно.

Набљудувачи на животот

Овој најредок вид стрес, може да ви предизвика екстремен дисбаланс на телото. Многу ви е тешко да направите промена во вашиот живот, а кога сте под стрес знаете да се повлечете во себе.


  • Почнете со многу кратки дневни вежби.
  • Водете дневник со кој ќе можете да ги следите вашите промени на емоционално и физичко ниво.
  • Зголемете ја вашата доза на позитивни емоции така што ќе запишувате 3 добри работи што ви се случиле во текот на денот и зашто се тие важни за вас.

Константно преоптоварување

Вие често сте анксиозни, многу ви е тешко да се опуштите, имате проблеми со спиењето и сте директни и детални при комуникацијата. Знаете да бидете многу емоционални, дури и избувливи. Стресот постојано ви „работи“ во позадина и поради тоа го преоптоварува целиот ваш систем.
Имате нервозна енергија која мора да ја согорите и најдобар начин е физички да се изморите. Вежбајте постојано за да го подобрите вашето расположение и да се заштитите од негативните ефекти кои стресот може да ги има врз вашиот мозок.


  • Опуштете ги вашите мускули со пилатес, јога или длабоко дишење.
  • Постојано носете тетратка со вас во која ќе ги запишувате сите загрижувачки мисли, на тој начин ќе го ослободите мозокот од грижење.
  • Намалете со кофеинот – веќе имате премногу вишок енергија!

Замавнување и рушење

Жените со оваа категорија на стрес постојано се туркаат себеси и не запираат сè додека не се „срушат“. Вашиот нервен систем неможејќи да го издржи повеќе темпото се исклучува. Во таа фаза вие се чувствувате преморени и истрошени.

  • Кога одите на одмор, потребни ви се неколку дена повеќе за да закрепнете. Додека другите сакаат да шетаат и истражуваат, на вас ви е потребно одморање сè додека не се поврати рамнотежата на телото. Многу често се случува и разболување поради намалениот имунитет.
  • Во оваа фаза, бидејќи на вашето тело му е потребен одмор, не се препорачуваат никакви физички вежби.
  • Високо ниво на кортизол го пореметува вашиот имун систем. Пијте многу витамин Ц кој ќе ви помогне со регулирање на кортизолот.

Страни: 1 2