Како стресот влијае на успешните жени?



Бидејќи се премногу зафатени на сите полиња, успешните жени имаат многу работи на ум. Вашата способност за организација ви помага во водење на вашиот бизнис, во брзо совладување на сите предизвици и во одржување на вашето семејство, но истовремено сите овие функции ве изложуваат и на негативен стрес.

Често се стремите кон совршенство, независни сте, фокусирани и одговорни, но имате тенденција и да ги запоставувате вашите потреби. И секако, многу ретко „успорувате“, што значи вашата енергија често работи на „резерва“. Доколку се пронаоѓате во овие карактеристики, можеби е време за одмор, бидејќи сте многу блиску до целосно „согорување“.


 

Одредени насоки од медицината и психологијата пробуваат да најдат начин при дефинирање на различните видови стрес и успешно справување со нив. Дирк Хелхамер, Стефани Мекклелан и Бет Хамилтон идентификувале 4 видови стрес кои ги напаѓаат успешните жени:


Од 1 до 60 – Вие воглавно сте смирени, но кога ќе се појави стресот имате огромна реакција. Многу сте чувствителни на стрес.

  • Набљудувачи на животот – Ова е најреткиот вид стрес кој се манифестира преку екстремно чувство дека се наоѓате во „балон“ гледајќи го животот како поминува покрај вас.
  • Константно преоптоварување – Вие имате проблеми со седењето мирни, постојано тапкате со нозете или рацете и често ги притискате забите едни од други.
  • Замавнување и рушење – Стресот ви помага да сте фокусирани и да продолжите со успешноста во работата, но кога ќе се намали или ќе го снема целосно, вие се „срушувате“.

Откако ќе го препознаете вашиот вид стрес, треба да преземете неколку чекори со кои ќе го доведете до рамнотежа и ќе ја вратите нормалната функција на вашето тело. Доколку забележувате повеќе симптоми во различни категории на стрес – издвојте ја најдоминантната и фокусирајте се на неа. За многу брзо време ќе почувствувате голема промена во вашето расположение која ќе ви помогне за уште поголем успех на сите полиња.

Од 1 до 60

Страни: 1 2