Како славните ѕвезди ја користат маснотијата од кокос



Познато е дека славните дами се главни промотори за секој здрав продукт. Последниве години, една од маснотиите кои ги освои светот е онаа од кокос.
Дознајте како славните дами го користат кокосовото масло.
Блејк Лавли ја користи за нега на косата. Неа мајка и и’ открила дека кокосовото масло помогнува при расчешлување на многу заплеткана коса.


Кортни Кардашиан кокосовото масло го користи за нега на косата и тврди дека и’ со најмало количество да минете по врвовите на косата ќе делува како регенератор и ќе го спречите исушувањето на врвовите.Тоа е природен регенертор за косата.

Ема Стон не излегува од дома без кокосово масло бидејќи со него ја отстранува шминката од лицето. Таа тајна за одржување на својата убавина ја открила во еден разговор за Вог. Едноставно загрева мало количество масло меѓу прсти и со марамче ја отстранува шминката, дури и водоотпорната маскара.


Гвинет Палтроу се колне во бројните користи на кокосовото масло, со кое ја негува кожата после купка, но ја користи и за нега на лицето, како и во подготовка на оброци. Гвинет советува малко кокосово масло да ставите во топла купка и кожата ќе би виде благодарна.

Ангелина Џоли скоро секој ден појадува кокосова маст. Една лажица масло меша со шака
житарки – снегулки и тоа е, вели, одличен оброк за почеток на денот – осигурува потребна енергија, а покрај тоа е и омилен избор на славните дами бидејќи е добра за согорување масти, па со тоа и природен сојузник при слабеењето.


Џенифер Анистон готви исклучиво со таа здрава маснотија. Знае и дека кокосовото масло
е добро за стабилизирање на шеќерот во крвта, за хормонската рамнотежа и за подобро
функционирање на системот за варење. Впрочем, кокосовото масло е алтернатива за путер,
а при тоа е погодна и за веганска исхрана.

Кели Осборн комплетната нега на кожата и косата ја базира на кокосово масло.

„Кокосовото масло е божествено“ тврди Кели. Го кориси и како сјај на образите кои ги
нанесува на шминката.

Суки Вотерхаус, глумица и модел, не оди никаде без кокосово масло кое го користи и
како брза помош во нега на сувата кожа. Дали знаевте дека класичен путер за тело можете да замените со кокосово масло. Резултатот ќе биде извонреден.

Џилиен Мајкл, светски фитнес гуру и личен тренер, ја користи за готвење. Со оглед на тоа дека нејзината исхрана се базира на здрави продукти, кокосовото масло како добра маснотија се вклопува во таков режим на исхрана и често е најдобар избор за пржење месо или зеленчук.

Миранда Кер кокосово масло става во зелен чај, а секое утро со една лажица кокосово масло ја измива усната шуплина 20. минути. Со тоа спречува настанување на забни наслаги,гингивитис и лош здив. Маста ја користи и за капење и нега на кожата на телото.