Како се прави тесто, кое може да се користи неколку дена за различни колачи или други јадења



Ќе ви претставиме рецепт за тесто, кое можете да го користите за различни колачи или други јадења, особено корисно, бидејќи може да стои неколку дена, и да го користите кога ќе ви затреба. Варијанти има повеќе, но овој рецепт е домашен и проверен.

Состојки:

1 кг брашно
1 свеж квасец
1 лажица шеќер
2 јајца
2 јогурти
1 прашок за пециво
½ л млеко

За слатко тесто 2 лажици шеќер

За солено тесто 2 лажички сол

Начин на приготвување:

Прво во 200 мл топло млеко се раствора квасецот и лажица шеќер и оставете да нарасне.

Заедно измешајте ги брашното, квасецот, јајцата, јогуртот, прашокот за пециво, остатокот од млекото и шеќер или сол, ако е потребно.

Покријте со пешкир и оставете половина час да нарасне на топло.

Тестото може да се чува во фрижидер до 7 дена, и затоа осставете го подмачкано со масло, бидејќи тестото уште ќе ви нарасне.

Вадете по потреба, кога ќе ви затреба.

Некои од идеите за ова тесто се пица, мафини, тортиљи, крофни итн.