Како најлесно се разболуваат помалите деца



На улиците често може да видиме мајка по кратки ракави која води мало детенце со јакна и зимска капа. А во топлите сончеви денови мали бебиња во колички покриени со ќебиња, а за раскош некои се покриени и со мантил, за да не не дувне ветер и да ги разболи.

Децата се капат во пот и навистина се разболуваат од прекумерните “грижи”. Разбирливо е дека секој сака неговите деца да бидат здрави. Но, профилактиката бара адекватни грижи, а не само стравови од настинки.

Што претставува настинката? При прекумерна изложеност на студ, влага, силен ветер, крвните садови се стегаат за да ја задржат топлината на телото. Но, оваа заштитна реакција ја нарушува привремено циркулацијата во погодените делови и се нарушува локално имунитетот на слузницата на респираторниот систем.

Така вирусите и бактериите полесно ги напаѓаат незаштитената слузница на носот, грлото, душникот. Затоа правилното облекување е важно, но прекумерното облекување е уште полошо, а потта е добар проводник на студот. Чистата настинка речиси не постои, треба да има вируси (најчесто), за да се разболи детето. Затоа, кога децата одат во планината на чист воздух, не се разболуваат, дури и при ниски температури.

Страни: 1 2