Како маникирот може да предизвика рак на кожата



Секоја жена сака да изгледа добро, а најубавиот маникир е неопходен дел од визијата на дамите. Што сепак може да ве чини седмичната посета во салон за убавина? Според новото истражување ултравиолетовите зраци кои зрачат од фенот за нокти, носат ризик од рак.

Податоците покажуваат дека само осум сесии под ламбата се доволни за да предизвикаат оштетување на ДНК -то на кожата – главен виновник за ракот на кожата.


Ризикот е предизвикан од UVA зраците. Додека светлината нема да ја изгори кожата (UVB зраците се одговорни за тенот), интензивното изложување на UVA зраците може да го зголемат ризикот од меланом. Сепак лекарите смируваат дека ризикот од користењето на UV лампи е минимален, но не и целосно исклучен.

” Нашите податоци покажуваат дека дури и со повеќе експозиции, ризикот од рак на кожата останува мал “, вели доктор Шил, пренесуваат од tialoto. Ова сепак не значи дека кон ултравиолетовите светилки треба да се пристапи сосема безгрижно.