
По неколкугодишни обиди за слабеење на погрешен начин, со брзи диети кои ветуваат чуда, Кели Озборн се задржа на најефикасното решение за долготрајно ослободување од непосакуваните 30 килограми – правилна исхрана и редовна физичка активност.
Трите главни совети од Кели
„Започнете да појадувате, пијте вода наместо газирани пијалаци и секогаш ужинајте и навечер“. Правилната исхрана која подразбира умерени порции и здрава храна е клучен елемент во стратегијата за слабеење на Кели. „Порано јадев чипс, колачиња и пиев газирани сокови цел ден. Морав да започнам да правам подобар избор“ – вели таа и напоменува дека ги избегнува диеталните производи бидејќи не ја заситуваат.
Мени за еден ден
Појадок: Житарки со суво грозје и млеко со ниска масленост или две белки од јајца со сирење со низок процент на масти.
Ручек: Салата со пилешко приготвено на скара.
Вечера: Бургер со мисиркино месо и зеленчуци готвени на пареа.
Кели во секојдневната исхрана вклучува и три мали ужини кои се состојат од исечкана краставица или кисели краставички или јаболко или мала количина салата од спанаќ.
Совети од Кели
Јадете на секои 2-3 часа.
Не пазарувајте намирници кога сте гладни.
Не прескокнувајте оброци.
Пијте 6-8 чаши вода дневно.
Не ги ограничувате премногу калориите затоа што ќе вежбате, а храната ќе ви ја даде потребната енергија.
Како и секој нормален човек, таа признава дека понекогаш „мами“, а најчесто не може да ѝ одолее на пицата. Но, со тој проблем се справува така што калоричниот оброк го консумира претпладне и во остатокот од денот избира поздрави и полесни оброци. „Ако сакам пица, ја јадам за појадок, салата за ручек и овесна каша за вечера“ – вели таа.
Секојдневно таа издвојува 30 минути за кардио вежби, што најчесто подразбира трчање на лента, а потоа продолжува со активност во зависност од расположението – вежби со тегови, пилатес или јога.