Како ефикасно да го надминете проблемот со брчките! Кој серум да го одберете?



Во секојдневната нега и борбата со знаците на стареење постојано сме во потрага по нешто подобро. Со цел да го подобри дејството на кремите за нега со подмладувачки ефект, Еуцерин направи неколку серуми кои го зајакнуваат и дополнуваат нивниот ефект. За таа цел ќе направиме краток приказ на серумите кои ги имаме на располагање, нивната основна намена и возраста од која може да се употребуваат.


  1. Hyaluron-Filler Moisture Booster, Ултралесен хидратантен гел наменет за борба со првите брчки и подобрување на хидратацијата на кожата. Кратко и средноверижната хијалуронска киселина и глицеринот во него овозможуваат оптичко и сензорно чувство на свежина и хидратација на кожата. Гелот се нанесува 1 до 2 пати дневно, на чиста кожа, пред нанесување на кремата за нега, а е наменет за луѓе на возраст помеѓу 25 и 35 години.
  2. Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите е наменет за третман на првите брчки (со кратко и долговерижна хијалуронска киселина), ги намалува видливите пори на кожата (со помош на 9.6% АХА комплекс или поточно комбинацијата од гликолна и млечна киселина) и ја измазнува кожата. Производот има и одлично антиоксидантно дејство, а е наменет за нега на масна и комбинирана кожа после 25-тата година. Заради АХА комплексот, производот може да ја зголеми чувствителноста на кожата на сонце, па затоа препорачуваме истовремено со него да се нанесува соодветен дневен крем со заштитен фактор од сонце, како и 1 недела по прекин на неговото нанесување.
  3. Hyaluron-Filler Витамин Ц бустер е серум со кремаста текстура, наменет за третман на брчки, кожа без сјај, под стрес од начинот на живот и околната средина. Хијалуронската киселина помага во борбата со брчките, а витаминот Ц ја подобрува градбата на кожата, ја намалува трансепидермалната загуба на вода и ја подобрува концентрацијата на колаген во кожата, со што помага за намалување на брчките. Производот содржи и ликохалкон А, состојка која има противвоспалително и антиоксидантно дејство. Витамин Ц бустерот се нанесува 1-2 пати дневно, на чиста кожа пред нанесување на кремата за нега, а е наменет за нега на кожа после 30-тата година.
  4. Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум е серум со кремаста текстура. Тој е наменет за третман на фините линии и подлабоки брчки (хијалуронска киселина и сапонини) и за третман на комедоните, хиперпигментните дамки како последица на претходно постоечките акни и широките пори кај луѓе со возрасни акни (acne tarda), благодарение на АХА комплексот кој содржи гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон. Заради АХА комплексот, производот може да ја зголеми чувствителноста на кожата на сонце, па затоа препорачуваме истовремено со него да се нанесува соодветен дневен крем со заштитен фактор од сонце, како и 1 недела по прекин на неговото нанесување.  Ноќниот пилинг и серум се нанесува 1 навечер, а е наменет за нега на кожа после 35-тата година.
  5. Hyaluron-Filler Серум-концентрат е серум со кремаста текстура, наменет за третман и на подлабоки брчки, благодарение на кратко и долговерижната хијалуронска киселина и сапонините во него. Серумот се нанесува 1-2 пати дневно, на чиста кожа пред нанесување на кремите за нега, погоден е и за сува кожа и се препорачува за нега на кожа после 35-тата година.
  6. Hyaluron-Filler + Elasticity 3D Серум е серум со кремаста текстура кој покажува троен подмладувачки ефект. Високо и нискомелокуларната хијалуронска киселина помагаат во борбата со брчките, арктиинот го помага регенеративниот процес на колаген во кожата и со тоа ја подобрува нејзината еластичност, а активната состојка Thiamidol ефикасно ги намалува хиперпигментните дамки на возрасната кожа и при редовна употреба помага да се спречи нивно повторно појавување. Серумот се нанесува 1-2 пати дневно, на чиста кожа пред нанесување на секојдневната нега. Производи коишто содржат Thiamidol се препорачува да се нанесуваат до 4 пати во текот на 1 ден. 3Д серумот одговара и за сува кожа, а се препорачува за нега на кожа после 50-тата година.

Серумите слободно можете да ги комбинирате со кремите за нега од истите линии, или пак да направите комбинација во зависност од потребите на вашата кожа. Доколку не сте сигурни што да изберете, обратете се за помош кај вашиот фармацевт или дерматолог, кој ќе ви ги посочи најсоодветните производи за нега на вашата кожа.