Како да стануваме полесно наутро



Има луѓе кои се будат од сон и брзаат во новиот ден, непосредно пред сонцето да се покаже над хоризонтот.


Нивоата на продуктивност не треба да се разликуваат, ако стануваш во 4 часот наутро или во 11 часот. Она што е важно е квалитетот на сонот, што му дава на телото и умот доволно време да се опорават.

Овие ранобудници во раните утрински часови ја гледаат својата шанса да се постигнат плановите за денот. Тие стануваат наутро со јасна цел, дејствуваат решително и се бескомпромисни за спроведувањето на зацртаните задачи.


Па ајде да погледнеме во она што не тера да станеме од креветот и да се разбудиме понекогаш дури пред алармот!

Идеален час за будење


Суровата вистина за човечкото тело е дека ние сме суштества од навика. Тоа може да биде исклучително непријатно кога се обидуваме да почнеме нови работи. Меѓутоа, ако можеме да си дозволиме да живееме во рамките на правилата на природниот циклус на нашето тело, ние ќе се радуваме на правилно функционирање на организмот.

Тоа значи дека кога ќе го пронајдеме часот во кој се чувствуваме најфункционални, треба да се држиме до него.

Начин на исхрана

Тоа значи дека е најдобро да се јаде повеќе калорична и хранлива храна за појадок, со поголеми порции, бидејќи тоа ќе ни обезбеди енергија преку целиот ден, која може да се изгори во текот на нашите секојдневни активности. Ако телото функционира нормално и нема гастрични улкуси, сонот претежно на празен стомак ќе ни овозможи да спиеме подобро.

Страни: 1 2