Како да скриеме дека сме ја прочитале приватната порака (seen) на Facebook?



Можеби токму во моментов патувате во автобус и сте притиснати од сите страни. Веројатно брзате некаде или пак имате гости, на кои треба да обрнете внимание. Причините може да се секакви.


Одеднаш сепак човекот може да ви се налути зошто не сте му одговориле, бидејќи видел дека пораката му била прочитана (seen).

Принудени сте да се објаснувате и оправдате, а дали ќе ви поверуваат, тоа е веќе друго прашање.


Секако, Facebook не дозволува да ја исклучува опцијата Seen. За среќа, сепак има една алтернатива која (делумно) го решава овој проблем.

Unseen – бесплатен приклучок за Chrome


Еднаш штом го инсталирате на својот прелистувач, секоја порака што ќе ја прочитате низ него, нема да биде означена како Seen од Facebook. На овој начин ќе можете да отворате пораки и да ги читате спокојно, без испраќачот да знае дека сте го направиле.

Друга интересна карактеристика на Unseen е дека рачно можете да ги означите оние пораки кои сакате да се истакнуваат како Seen на испраќачот. За таа цел потребно е прво да го исклучите Unseen и да ги затворите сите прозорци со разговор. Потоа притиснете го копчето Refresh на својот прелистувач и отворете ја пораката што сакате да биде означена како Seen.

На овој начин имаш целосна контрола над комуникацијата со луѓето околу вас. Ако не преку мобилен телефон, тогаш барем во вашиот компјутер.