Како да си направите здрав чипс



Зошто толку многу сакаме чипс? Бидејќи има силен, специфичен вкус, крцка и го диверзифицира гледањето на некој филм или патување.

Сето тоа би било идеално ако чипсот не беше полн со многу сол, конзерванси и подобрувачи на вкусот.
Да не ја споменуваме маснотијата во која се пржи.

Бидејќи сметаме дека здравата храна е всушност супер вкусна, еве ви еден лесен рецепт како да си направите здрав чипс од моркови.

Потребни ви моркови, маслиново масло и (морска) сол.

Исецканите моркови наредете ги на еден ред врз хартија за печење во тава.

Посипете го секое морковче со неколку капки маслиново масло и посолете то.

Испечете ги во загреана до 180 степени печка на околу 10-15 минути.

Потоа почекајте да се изладат и уживајте во здравиот чипс кој има само 150 калории.

Можете да го сторите истото и со тиквички.