Како да познаете дали тој флертува со вас



Знаците со кои двата пола флертуваат се прилично различни. Не заборавајте и дека мажите флертуваат на еден начин, а дамите сосема поинаку.

Еве дел од нив флертовите кај мажите:


Искрена насмевка

Насмевката е убав знак , кога зборуваме за флертување. Ако мажот спроти вас отворено ви се смешка, има голема шанса да ви се допаѓа. Дури и да е срамежлив, тој ви сугерира дека е добронамерен кон вас и може први да започнете со флерт.

Се вцренува


Освен ако не сте го навредиле или налутиле, најверојатно тој е срамежлив, но сака да биде со вас.

Постојано погледнување

Погледот значи интерес. Ако се испреплетуваат очите често, тогаш сигурно има зошто. Сега е време да му се насмевете:)

Со палците на ремен или во џебовите

Ако тој стои спроти вас со рацете во џебовите, но со палците над нив или поставени на неговиот ремен, тогаш ова понекогаш е знак дека е заинтересиран за вас. Нека тоа не ви се гледа навредливо.

Постојано ве допира

Допирот е блиску. Значи дека тој бара контакт со вас и малку ја опипува почвата. Допирот на колената, или ненамерно допирањето на рацете – о, да, вие сте го освоиле неговиот интерес.

Проширени зеници

Понекогаш очите издаваат работи кои сакаме да ги сокриеме. Треба да стоите многу блиску еден до друг, за да го разберете овој знак, но пак ако неговите очи се светли, нема да биде толку тешко. Кога сакаме некого, Зениците ни се прошируваат.

Кренати веѓи

Кај жените тоа може да е знак за нервоза или љубопитност, но кај мажите е подготвеност за флерт. Ако веѓите му се поткренати за време на разговорот, тој сака да флертува.