Како да почнете да излегувате со друг после раскинување



Прекинувањето на долга врска скоро секогаш е многу болно и тешко. Самиот чин на раскинување ја намалува вашата самодоверба, доведува до (само)обвинување, депресија, апатија и тага.


Сето ова се нормални појави, но најдобро за вас ќе биде доколку се решите да свртите нова страница во животот и да почнете да излегувате со друго момче. Еве некои совети за тоа како да почнете да излегувате со друго момче после раскинување.

Како да почнете да излегувате со друг после раскинување


Надминете ја претходната врска

Веројатно ова е најтешкото, но мора претходната врска засекогаш да ја сместите во минатото. За секого е многу тешко да се прифати фактот дека личноста со која сте поминале многу убави моменти, сте се познавале интимно и во најмали детали, одеднаш, веќе не е дел од вашиот живот. Во оваа фаза сосема е нормално да се чувствувате депримирано, но запомнете, мора си/му ги простите грешките и да прифатите дека животот оди понатаму.


Не се впуштајте веднаш во друга врска

Многу често се случува веднаш по излегувањето од врска, да почувствувате голема самотија и беспомошност, па затоа веднаш да се впуштите во нова врска. Иако на прв поглед изгледа како добро решение, во суштина, доколку не сте подготвени, ќе ви донесе само проблеми.

Започнете платонска љубов

Овој вид на комуникација ќе ви даде време и можност подобро да го осознаете следниот потенцијален партнер, но и ќе ви помогне да ги надминете лошите сеќавања од минатото. Првин станете пријатели, зближете се. Споделувањето на мислите и проблемите ќе ви овозможи да продолжите кон посериозна врска.

Не го споредувајте со бившиот

Ова никако немојте да го правите. Неправедно е и кон него и кон самите себе, а дури и новиот потенцијален партнер ќе се чувствува виновен за нешто што не е поврзано со него. Доколку ова ви се случува, тоа е знак дека не сте ја надминале претходната врска.

Учете од грешките

Доколку вашата врска се распаднала поради обострани грешки, тогаш треба да научите од нив. Овојпат внимавајте повеќе, дури и соопштете му го тоа на новиот партнер. Направете свесни напори историјата да не се повтори.