Како да направите природен шампон за 5 минути?



Шампоните кои се нудат на пазарот, се секакви, и не се сите квалитетни. Многу луѓе мислат дека кога е скап, тој е доволно добар за косата. Речиси сите шампони содржат штетни супстанции, а некои од нив за жал ја уништуваат косата.


Дури и да не сакате да се откажете од вашиот омилен шампон, убаво е од време на време да пробате нешто различно. На пример, можете да си направите домашен таков за 5 минути.

Ќе ви бидат потребни само 3 природни производи: 1 добро зрела банана, 1 јајце и 1 лимон.


Излупете ги бананите со нож за лупење – мора да го извадите само горниот слој на кората. Со помош на соковник стиснете го сокот од лимон. Во блендер ставете ја бананата, сокот од лимон и жолчката на јајцето. Потоа чувајте го во фрижидер.

За да постигнете совршен резултати, користете ја оваа смеса на секои 3 миења со шампон од продавницата. Уште по првата процедура косата ќе стане поздрава, посјајна и поубава.