Како да направите преубави крцкави колаченца со ѓумбир и мед



На колачиња сите секогаш им се радуваме. Еве интересен рецепт со ѓумбир во прав и мед.


Потребно:
350 грама брашно + 100 грама доколку ви испадне многу лепливо
1/2 лажичка сода
1/2 лажичка морско оревче
1/2 лажичка ванилин шеќер
на врв лажичка сол
1 лажичка ѓумбир
1 лажичка цимет
150 гр растопен путер
200 гр мед или меласа

1 изматено јајце


 

Подготовка:


Го мешаме брашното со зачините и го додаваме изматеното јајце. Настрана го растопуваме путерот и оставаме малку да се подизлади, па го мешаме со шеќерот и медот. Го додаваме во претходната смеса со брашно. Мешаме и замесуваме на набрашнета површина. Со само 350 гр брашно смесата е многу леплива затоа при замесувањето добро е да додадете уште брашно. Го расукуваме тестото малку подебело, барем 1/2 см. Правиме форми какви што сакаме и ги ставаме на намастено плехче или хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени околку 10 мин. При вадењето од рерна колачињата можат да бидат меки, но не ги враќајте назад да се допечат затоа што по 5-10 мин се стрвднуваат и добиваат соодветна цврстина.