Како да кажеш дека имаш дваесет и седум и дека уште не си се омажила? Или недај боже триесет и пет? Како да објасниш дека под рака не носиш дете, а толку години имаш? Или дека на четвртиот прст од раката сеуште нема прстен?
Е, види вака, многу e едноставно. Прво како мислиш треба да објасниш? Чекај, на кого да објасниш? Ајде тоа одма да го прескокнеме.
Следно. Не се замарај што ти зборат. Имаш еден живот. И за него немаш реприза.
Играј кога ти се игра, трчај кога тебе ти се трча, сакај кога тебе ќе ти се сака. Одби ги сите критериуми дека Он треба да биде фин, да има многу пари, угледен и совршен во очите на светот.
Он треба да биде совршен само во твојте очи.
Дури ни тоа не треба. Треба само да биде нормален. И тука. Поред тебе. Со срце, душа и љубов.
Па кога и да дојде. Дали имаш ти дваесет и седум или триесет и пет. Слушај го само срцето. Само добро гледај, фати некој сличен на тебе.
И знаеш што после?
Живеј!
Замисли кој одговор. Живеј. Без слушање приказни.
И тоа е тоа.
Автор: Дејан Велевски