Како да ја задржите диетата и кога јадете надвор



Цела седмица ви успеваше да се храните режимски и здраво, и на крај пријателите ве викнале на заеднички ручек во ресторан. Сакате да им откажете и да се држите до своите правила на исхрана (мора да издржите уште малку!), но во исто време ви фали нивното друштво.


Мора да се помирите со фактот дека не можете да го избегнувате повременото хранење во ресторани и треба да се научите како да правите правилен избор од менито за да го зачувате ефектот од вашата диета.

Експертите нудат најразлични совети, трикови и стратегии за да им помогнат на луѓето да останат на вистинскиот пат кога мрсната храна ги искушува. Еве неколку од најпопуларните:


Размислете однапред што ќе порачате.

Денес голем број на ресторани и кафеани имаат свои сајтови или Фејсбук страници каде што го објавуваат своето мени. Па, пред излегување, разгледајте што сè нудат во менито. На тој начин ќе можете да направите избор уште пред да стигнете таму.


Не тргнувајте од дома прегладнети.

Околу половина час пред да излезете од дома, каснете мала ужина. Ако пристигнете во ресторанот прегладнети, ризикувате да се прејадете.

Нарачајте први.

Текстот продолжува на втората страна

Страни: 1 2