Loading...

Како да ја отстраните лошата енергија во домот: Календар, поставен на погрешно место …


За дом без негативна енергија, избегнувајте следните пет мали ситници кои носат лоша среќа:

1.Oгледало насочено кон креветот

Се смета дека огледалото кое е насочено кон креветот може да доведе до проблеми во врската, бидејќи пушта странични влијанија.

2. Црна врата

Бојата на влезната врата се избира според тоа на која страна е свртена. Црна врата е дозволена само ако таа гледа на север, инаку во вашиот дом ќе ја поканите лошата среќа.

3.Растенија со боцки

За остри, шилести предмети, исто така се смета дека носат лоша среќа, па за кактусите не е препорачливо да бидат сместени во вашиот дом.

4. Календар на погрешно место

Календарот закачен на влезната врата на домот е потсетник за минливоста на животот, и се смета дека така се одразува на животот.

5. Слика со бродолом

Сликата со бродолом претставува загриженост, што може да влијае врз однесувањето и енергијата.