Како да ја одржите сексуалната страст во долгорочна врска



Почетокот на една врска изобилува со емоции. Тогаш чувствата беснеат, интересот е засилен и сексуалната желба е зголемена. Постепено, со текот на времето, сите овие емоции се смируваат и партнерите влегуваат во колосекот на мирни и сигурни љубовни односи. Иако и двајцата имаат заслуга за тоа, обично почнува да се чувствува некакво меѓусебно незадоволство.


Еден од најголемите проблеми во долгорочните врски е сексуалната желба. Добриот секс е основен елемент во секоја здрава врска и често служи како сигурносен штит од изневери. Затоа големото прашање е како да го одржите вашиот сексуален глад, дури и откако поминаа неколку години од вашиот прв интимен контакт ?

Истражувања на Универзитетот во Торонто откриле дека тајната за одржување на сексуалната желба во една долгорочна врска е многу едноставна – луѓето продолжуваат да имаат секс, знаејќи дека тоа е важно за нивните партнери и дека на тој начин ќе одржуваат здрави односи. Во истражувањето се вклучиле 44 двојки со времетраење на врските меѓу 3 и 39 години.


Секој од учесниците требало да одговара на одреден прашалник. Посебно внимание се свртило на мотивацијата поврзана со сексуалните потреби.

Научниците утврдиле дека има законитости помеѓу желбата за задоволување на сексуалните потреби на партнерот и сопствената сексуална желба. Со други зборови луѓето кои сакаат да ги задоволат интимните потреби на партнерот, на тој начин ги зголемуваат и своите сексуални страсти.


Претходните истражувања покажуваат дека луѓето кои известуваат за повисоки нивоа на сексуална желба, обично се позадоволни од врската. Исто така кај нив постои помала веројатност да размислуваат за прекин на односите со сегашниот партнер.