Како да ја излечите љубовната болка на вашата пријателка



Животот не е секогаш мед и млеко и понекогаш треба да се соочиме со силна емоционална и физичка болка. Кога ќе ви се случи, веднаш ја барате поддршката на роднини и пријатели. Можно е меѓутоа и тие да ја бараат вашата во тежок момент и тогаш треба да реагирате на најдобар можен начин.


Еве и како да и помогнете на вашата пријателка која доживува љубовно разочарување:

Разговарајте


Често ја потценуваме моќта на комуникацијата. Но, со молчење работите стануваат потешки за неа, бидејќи таа ќе ја задржува болката во себе. Натерајте ја да ви раскаже се што и тежи. Ако треба, нека раскажува цело време, додека претрпне. А вие слушајте и не судете!

Бидете на нејзино располагање


Повеќе од сè вашата пријателка треба да знае дека вие сте до неа. Тоа значи дека може да ви ѕвони во секој момент кога не и е доброо и да преспива кај вас, кога навечер се дави во солзи.

Купувајте

За никого не е тајна дека девојките сакаат да купуваат и тоа им делува смирувачки и оттргнувачки. Држете ја другарката под рака и брзо кон најблискиот центар.

Гответе

Готвењето докажано го брка стресот. Измислете си некакво слатко искушение, полно со чоколадо, ванила и банана, кои содржат корисни состојки и кои го зголемуваат расположението.

Заминете на одмор

Љубовта се лекува од далечина. Вашата другарка ќе се апстрахира подобро од ситуацијата, ако е подалеку од објектот, кој ја повредил. Размислете за некое кратко патување дури и за време на викендот.