Како да изгледаш совршено во текот на летото



Ако не изгледаш добро во текот на летото, тогаш кога? Следат некои вредни совети кои ќе те направат неодолива:


1. Хидратирајте ја кожата редовно

Нанесувајте хидратантен лосион за тело, веднаш штом излезете од бањата, бидејќи неговиот ефект е најдобар, кога кожата е уште влажна. Избери квалитетен лосион и биди внимателна, бидејќи има и производи со сомнителен состав, кои може да предизвикаат алергии и црвенило.


2. Ослободи се од темните кругови под очите

Обично темните кругови под очите се должат на дехидрација. Затоа најдобро е да пиете повеќе вода. Ако ова не помогне, најверојатно причината е во системската ненаспаност или некоја болест. Во првиот случај обидете се да се одморите добро, а во вториот консултирајте се со лекар.


3. Помалку шминка, а повеќе бронзен тен

Несомнено бронзениот тен е хит секое лето. Обидете се да користите помалку шминка и удрете на природното сонце. На пазарот има огромен избор – пудри, гелови, креми, спрејови, едноставно проценете кој би бил најсоодветен избор за вас и дејствувајте. Веќе не треба да избегнувате кратки шорцеви, бидејќи нозете не ви се премногу бели.

4. Преиспитајте ги своите навики за шминкање

Без разлика на која возраст сте, најверојатно сте почнале да користите шминка на почетокот на тинејџерските години и со време е изградена рутина, која речиси не е променета и до денес. Па, време е да ги ревидирате своите навики. Може пак да се покаже дека има десетици посоодветни начини за шминкање, прилагодени на обликот на лицето, очите, усните и др.

5. Грижете се за косата

Изберете ја вашата лесна фризура за одржување. Ова лето не е потребно да користите тонови лак за коса и други стајлинг производи, за да изгледате неодоливо. Погрижете се само да е добро измиена, и мека со користење на соодветни производи за коса. Па нема да има потреба да се грижите од ветрот или влажно време – тие нема како да ја расипат твојта фризура!